Папата Фрањо: Потребен е „нов работен хуманизам“

Трудот е едно од најстарите звања на човекот, но денес достоинството, обезбедено преку работата, често е изложено на опасност поради невработеноста и незаконитоста.

Затоа е потребно да се создаде „нов работен хуманизам“, кој ќе им даде надеж најмногу на младите. Ова желба ја изрази папата Фрањо пред седум илјади присутни на аудиенцијата во ватиканската сала „Павле VI“ од Христијанското работничко движење, дојдени со своите семејства. Според Папата, трудот треба да е „искрен, заеднички за сите“, додека во голем број случаи тој не е таков таму каде лази „Октоподот на корупцијата и беззаконието“.

Светиот Отец посочи дека за да останеме верни на нашиот работен позив, на прво место е неопходно „воспитување“, потребно е „да се создаде нов работен хуманизам, во чиј центар ќе биде поставен човекот, а не профитот, додека економијата да не го искористува човекот, туку да му служи“:

„Бидејќи живееме во време на експлоатација на работниците, во кое трудот не му служи на човековото достоинство, туку е робска работа“.

Папата повика да се оди по „светлиот и засилен пат на чесноста, избегнувајќи фаворитизам и препораки“:

„Секогаш постојат оние мали или големи искушенија, но во сите случаи станува збор за „морална трговија“, недостојна за човекот кој треба да се откажува, навикнувајќи го срцето на слобода… Незаконитоста е како октопод, кој не се гледа: стои скриен, но пипалата фаќаат и трујат“.

Вториот збор наведен од папата Фрањо, беше „споделување“. Светиот Отец истакна дека „работата која зафаќа многу часови од нашиот ден“, треба да ги обединува луѓето, а не да ги оддалечува“, треба да ни овозможува да се интересираме за ближните“, како што се проектите на социјалната служба спроведени од Христијанското работничко движење:

„Важно е на другите да не се одвојува само некакво внимание, туку за нив да се прават вистински проекти. Сите прават планови за себе, но со плановите за другите се прави чекор напред: интелектот се става во служба на љубовта … “.

Третиот збор е „сведоштво“. Папата потсети на зборовите на свети Павле: „Кој не сака да работи, не треба и да јаде“. На овој начин исто така се сведочи верата, со секојдневна работа, особено во момент во кој има луѓе кои би сакале да работат, но не можат и дури тешко се прехрануваат“. Тоа е „драмата на новите отфрлени на нашето време“, истакна Папата. Тие се „лишени од достоинството“ и во некои европски држави се 40-50% од населението, бројни често млади кои запаѓаат во вртлогот на различните зависности, на психичките болести, на самоубиствата“:

„Човечката правда сака пристап до работа за сите … Мора да се пренесува надеж, да се теши со присуство, да се поддржува со конкретна помош“.

РВ/В.Н.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк
Категорија: Ватикан

За авторот