Апостолскиот нунциј во Бугарија монсињор Анселмо Гвидо Пекорари на 27 февруари 2020 година во име на папата Фрањо свечено ги предаде на Неговата Светост патријархот Ноофит, Патријарх на Бугарија и Митрополит на Софија светите мошти на свети Климент Папа и на светиот маченик Потит Сердикиски, а во присуство на претставници од Католичката и Православната црква.
„Денес, моштите на Свети Климент, Папа, се враќаат, заедно со моштите на Свети Потит, во земјата каде што живееја двајцата свети маченици“ (…), рече Апостолскиот нунциј монсињор Пекорари при предавањето на моштите. „Мисија и општење: два збора кои секогаш ги придружуваа животите на двајцата светци кои можат да го осветлуваат нашиот пат кон растење во братството. Мисија и општење. Нивниот храбар апостолат останува пример за евангелизација за сите“, истакна монс. Пекорари
Светите мошти на свети Климент, Папа и светиот Потит, маченик, ќе бидат чувани и изложени за почитување во црква Света Софија, свеченостите ќе продолжат на 24 и 25 март, кога ќе бидат преместени од зградата на Софискиот митрополит во црквата Света Софија.
Ватикан њуз/к.мк