На крајот од редовната Генерална аудиенција на 3 февруари 2021 година, папата Фрањо упати апел по повод Првиот светски ден на човечкото братство.
На крајот од редовната Генерална аудиенција на 3 февруари 2021 година, папата Фрањо упати апел по повод Првиот светски ден на човечкото братство.
Утре се слави Првиот светски ден на човечкото братство, кој е воведен со неодамнешната резолуција на Генералното собрание на Обединетите нации – рече Папата и истакна: Во оваа иницијатива во предвид е земена и средбата од 4 февруари 2019 година во Абу Даби, кога со големиот имам на Ал-Азхар, Ахмад Ал-Тајеб и јас го потпишавме Документот за човечкото братство за мир во светот и заеднички живот.
Многу сум среќен што сите од целиот свет се приклучија на оваа прослава, чија цел е да се промовира меѓурелигиски и меѓукултурен дијалог. Затоа утре попладне ќе учествувам на виртуелна средба со големиот имам на Ал-Азхар, Генералниот секретар на Обединетите нации, г-дин Антонио Гутереш и други важни луѓе. Споменатата резолуција на Обединетите нации го препознава „придонесот кој може да го даде дијалогот меѓу сите религиски заедници за унапредување на свеста и разбирањето на заедничките вредности што ги споделува целото човештво“. Нека тоа денес биде наша молитва и наше заедничко ангажирање во секој ден од годината – истакна во апелот Светиот Отец.
Ватикан њуз/к.мк