ВИДЕО: Папата Фрањо не престанува да изненадува

Папата Фрањо направи нов „прекршок“ непочитувајќи го повторно протоколот и отиде на света Исповед, кај еден свештеник кој во тоа време исповедаше во базиликата Свети Петар. Папата славеше света Литургија, на која укажа на важноста од светата тајна Исповед.

Според протоколот по завршувањето на Литургијата Светиот Отец требаше да отиде во празна исповедалница, но тој отиде во друга, во која исповедаше еден свештеник, клекна и се исповеда. Потоа отиде во предвидената исповедалница и исповедаше една група верници.

Според зборовите на папата Фрањо, тој редовно се исповедува, секоја втора недела, но тоа го прави приватно.

 го*ко/

Категорија: Ватикан

За авторот