Папата Фрањо на Ангел Господов: Дозволете Господ да ве утешува

„Дозволете Господ да ве утеши“ бидејќи „само Бог може да ги отстрани причините за духовните и животните драми“ – рече Светиот Отец Фрањо во недела 7 декември 2014 година пред молитвата Ангел Господов на која што се собраа повеќе од 50.000 верници. Папата потсети на денешното литургиско читање од книгата на пророкот Исаија во кое Господ преку устата на пророкот говори: „Утешувајте го, утешувајте го Мојот народ, вели вашиот Бог“. Со тие зборови кои ја отвораат „Книгата на утеха“, пророкот, на народот во прогонство му ја навестува радоста на ослободувањето. „Времето на неволји е свршено, а израелскиот народ може со надеж да гледа кон иднината, исчекувајќи го конечното враќање во татковината“ – објасни Светиот Отец.

Тагата и стравот отстапуваат место на радоста, бидејќи самиот Господ ќе го води својот народ со внимание и нежност, единствениот пастир Кој се гржи за своето стадо. „Тој став на Бог е спротивен на нас неговите созданија. Заради тоа пророкот ги повикува слушателите – вклучувајќи нè и нас денес – за да ја прошири меѓу народот ова порака на надеж“. Меѓутоа, не можеме да бидеме гласници на Божјата утеха ако прво самите не сме ја искусиле, а „тоа особено се случува кога го слушаме Неговото Слово“ – или читаме дел од Евангелието, кое Папата препорачува секогаш да го носиме со себе – „кога остануваме во тивка молитва во Неговото присуство, кога Го сретнуваме во Евхаристијата или во светата Тајна Помирување“ – истакна Папата.

„Да дозволиме повикот на Исаија – „утешувајте го, утешувајте го Мојот народ“ – да одекне во нашите срца во времето на постот. Денес се потребни луѓе кои се сведоци на Божјото милосрдие и нежност“ бидејќи многумина „го бараат нашето утешително сведоштво“ – неправедно угнетувани, патници, злоупотребувани, но и „робовите на парите, моќта, успехот, световноста. Несреќници! Имаат лажна утеха, но, вистинската утеха е во Господ. Сите сме повикани да ги утешуваме своите браќа, сведочејќи дека само Бог може да ги отстрани причините за духовните и животните драми“ – нагласи папата Фрањо.

Исаија „денес зборува на нашето срце за да ни каже дека Бог ги заборава нашите гревови и нè утешува. Ако му се довериме со понизно и покорно срце, Тој ќе ги сруши ѕидовите на злото, ќе ги пополни дупките на нашите пропусти, ќе ги израмни кривините на горделивоста и суетата и ќе ја отвори врата за средба со Него“, кажа Папата и додаде:

„Чудно, но толку пати се плашиме од утехата. Навистина се чувствуваме сигурни во тагата и безнадежноста. Знаете зошто? Затоа што во тагата се чувствуваме речиси протагонисти. Спротивно од тоа, во утехата Светиот Дух е протагонист! Он е Тој кој нè утешува, Он е Тој кој нè охрабрува да излеземе од нас самите. Он нè води на изворот на секоја вистинска утеха, односно Отецот. Тоа е ветувањето. Ве молам дозволете Господ да ве утеши!“ – поттикна Светиот Отец.

Дева Марија е патот кој Бог го подготвил за своето доаѓање на светот, затоа да се довериме на неа во исчекувањето на спасението и мирот – рече Папата пред молитвата Ангел Господов. Папата сите собрани ходочасници ги отпушти со својот вообичаен поздрав.

РВ/Д.И.

Категорија: Ватикан

За авторот