Папата Фрањо го прими претседателот на Венецуела Мадуро

Ватикан, 17.6.2013 /к.мк/ – Согледување на ситуацијата во Венецуела по смртаа на претседателот Хуго Чавез и борбата против трговија со дрога беа главните теми за разговор меѓу папата Фрањо и претседателот на Република Венецуела Никола Мадуро, кој во понеделник 17 јуни беше примен на аудиенција од папата Фрањо. „За време на срдечните разговори стана збор за социјалната и политичката ситуација во земјата, како и некои актуелни прашања, како сиромаштијата, борбата против криминалот и шверцот со дрога”, се вели во соопштението од Ватикан. Исто така станало збор и за „ситуацијата во регионот со посебно внимание кон мировниот процес со Колумбија”. За време на разговорите било потенцирано „историското присуство на Католичката црква во земјата и нејзиниот решителен придонес на хуманитарно, здравствено и образовно поле, а беше потенцирана и потребата за искрен и постојан дијалог помеѓу епископската конференција во земјата и државата, а со цел севкупен напредок на нацијата”. По аудиенцијата со Папата, венецуелскиот претседател оствари разговори и со државниот секретар на Ватикан, кардинал Тарчизио Бертоне и секретарот за односите со земјите монсињор Доминик Мамберти. (го*ко)

Категорија: Ватикан

За авторот

Write a Comment

<