Телото на свети Пио од Пиетрелчина во ватиканската базилика

Во ватиканската базилика Свети Петар од 8 до 14 февруари 2016 година ќе биде изложено телото на свети Пио од Пиетрелчина

Во ватиканската базилика од 8 до 14 февруари 2016 година ќе биде изложено телото на свети Пио од Пиетрелчина. Во заедничкото соопштение на архиепископиите Манфредонија – Виесте – Сан Џовани Ротондо и Редот на Малите браќа Капуцини, истакнато е дека тој план ќе се оствари во рамките на вонредниот Јубилеј на милосрдието кој папата Фрањо го закажа за следната година. По тој повод на 13 февруари ќе се одржи и јубилеј на „Молитвените групи на падре Пио“ кои Светиот Отец ќе ги прими воа удиенција.

Архиепископот Рино Физикела преседател на Папскиот совет за промовирање на новата евангелизација во писмото до поглаварот на спомнатата архиепископија апхиепископот Микеле Кастро истакнува дека папата Фрањо изразил голема желба телото на свети Пио од Пиетрелчина да биде изложено во базиликата Свети Петар на 10 февруари на Цветници следната вонредна Света година. Имено, тој ден Светиот Отец во целиот свет ќе испрати мисионери на милосрдието давајќи им овластување да проповедаат и исповедуваат за да бидат жив знак на прифаќањето на Отецот на сите оние кои ја бараат неговата прошка – стои во писмото.

Присуството на телото на свети Пио ќе биде скапоцен знак за сите мисионери и свештеници кои сила и поддршка за своето послание ќе пронајдат во неговиот прекрасен пример на неуморен, пријатен и трпелив исповедник вистински сведок на милосрдието на Отецот – истакна меѓу останатото архиепископот Физикела.

РВ/к.мк/Д.И.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк
Категорија: Ватикан

За авторот