Папата Фрањо го прими Претседателството на Европските епископи

Ватикан, 25.5.2013 /к.мк/ – Светиот Отец во четврток 23 мај ги прими членовите на Претседателството на епископите од Европската заедница (Comece): преседателот кардинал Рајнхард Маркс, епископот Џијаниј Амврозиј потпреседател, епископот Виргила Беркеу, епископот Жеан Коцкеролс, и свештеникот Патрик Далија, Генерален секретар.

Зборувајќи за средбата со Светиот Отец во разговор за Радио Ватикан, епископот Амврозиј рече дека средбата била прекрасна, почуствувавме дека Папата се интересира за европското прашање. Папата не потикна во европската средина да го држиме актуелно прашањето за Бог и да зборуваме за Бог, бидејќи без потпората во Бог и на човечките закони им се заканува опасност да не бидат почитувани. Светиот Отец ни препорача да бидеме храбри и со надеж, но и да бидеме трпеливи, бидејќи не заведуваме туку ги уверуваме луѓето. Освен тоа Папата не потикна на дијалог, да зборуваме за Бог, да зборуваме за големите проблеми и посебно да бидеме трпеливи бидејќи станува збор за уверување – рече епископот Амврозиј.

На прашање за главните теми на разговорот, епископот рече дека покрај веќе спомнатите теми, станало збор и за демографијата, бидејќи Европа ја занемарува иднината, а иднината се младите. Папата не предупреди дека мораме да бидеме способни да зборуваме за раѓање, потикнувајќи ги брачните парови на раѓање деца, бидејќи единствено така можеме да ја загарантираме иднината на Европа, богата со христијански вредности кои треба да се прошират и на други континенти, рече епископот.

Забелешката дека Светиот Отец е многу внимателен на проблемите со семјствата, рече дека економската криза најмногу се одразува врз семејствата. Папата ни рече дека токму во семејствата може да се најде голема сила за решавање на проблемите, бидејќи семејната мрежа може да го надомести сегашниот недостиг на надеж и доверба. Папата го спомна документот на блажениот Иван Павле II „Црквата во Европа“ во кој ги повикува европјаните да мислат на иднината, инаку би ја изгубиле надежта која треба да се темели на Христос. Затоа е потребна нова Евангелизација во Европа со дијалог и доверба на која е изградена европската култура. Папата не престанува да поттикнува на храброст, доверба и надеж – заклучи епископот Амврозиј.

Категорија: Ватикан

За авторот

Write a Comment

<