Папата Фрањо: Претприемачите мора да градат деловни модели на култура на средби

Папата Фрањо: Претприемачите мора да градат деловни модели на култура на средби

Папата Фрањо ги прими во аудиенција членовите на Латиноамериканскиот деловен совет и ги повика претприемачите да го земат за пример Евангелието за да најдат надеж и правец во нивните деловни активности

Работата мора да се заснова на култура на средба која ги поттикнува луѓето да го бараат заедничкото добро.

Папата Фрањо на 1 јуни 2023 година во аудиенција ги прими учесниците на годишното собрание на Латиноамериканскиот деловен совет, што се одржува во Рим.

Справување со заедничките проблеми

Светиот Отец ги охрабри претприемачите да изградат мрежа водена од Евангелието и втемелена на надежта.

Ги истакна темите на нивното годишно собрание, како што се миграцијата, климатските промени и интегралниот човечки развој, додавајќи дека споменатите проблеми може да се најдат не само во нивните земји, туку и во други делови од светот.

Светиот Отец ги поздрави бројните напори и секојдневните жртви што ги прават компаниите за да напредуваат во овие времиња придружени со бројни кризи. Вашата размена на идеи може да ви помогне да ги здружите силите за да се справите заедно со проблемите кои моментално се заеднички за целото човечко семејство, рече Папата.

Создавање култура на средби

Тој истакна дека деловниот модел во согласност со културата на средби може да ги потисне сите „сенки на злото“ што се вовлекуваат на работното место. Водењето исклучиво од логиката на профит води кон понижување и ропство на луѓето, истакна Папата. Културата на средба, продолжи тој, ја изразува потрагата по општото добро и на тој начин придонесува за растерување на сенките.

Папата ги повика латиноамериканските претприемачи да понудат трајна формација и образование за своите работници, со цел да се избегнат конфликти и болки поради отпуштање, бидејќи секој работник претставува семејство со специфични финансиски потреби.

Градител на мрежи кои си помагаат едни на други

Папата ги повика претприемачите да земат пример од првите Исусови ученици, кои биле рибари. Тој рече дека тие научиле како да ги надминат немирните мориња на нивното време за да ја шират христијанската порака.

Службата што ја извршувате не е апстрактна, забележа Римскиот епископ, туку е насочена кон секој човек, поради што е неопходно да се работи заедно, никого не газејќи и да не се остави никого зад себе.

Папата Фрањо го пофали фактот што го избрале Рим како место за одржување на собранието и на тој начин добиле можност да се приближат до многу апостоли погребани во Вечниот град, меѓу кои и Свети Петар.

Тука ги среќавате трагите на многубројните Господови ученици од сите времиња кои ја преобразиле својата околина во светлината на Евангелието нудејќи го своето секојдневно сведоштво, истакна Папата.

Евангелието како компас

Како заклучок, Папата рече дека христијанските деловни лидери се привилегирани поради „компасот“ на Евангелието и дарот на надежта. Затоа, можете правилно да пловите, рече тој, верувајќи дека Бог ќе ве води и ќе ве придружува на вашето патување, истакна на крајот папата Фрањо.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот