Папата: „Да се понизиш сам себе“

Често на Исус сме му кажале „замини“, не препознавајќи го во неуспесите. Но, „победата на Божјата љубов“ кон човекот се гледа во привидниот „неуспех“ на Исусовиот крст, истакна папата Фрањо на светата Литургија на 1 јуни во домот Света Марта.

Соблазливиот исход на приказната која изгледала полна со надеж всушност е почеток на спасението на светот. Бог гради на слабостите; меѓутоа некому кој ги чита страниците на историјата на Божјата љубов кон својот народ, изгледа како да станува збор за историја на неуспех – рече Папата. Така параболата за лозарите убијци кои убиваат кој и да и го испрати господарот во лозјето изгледа „неуспех за Божјот сон“. Меѓутоа, од таа смрт сè добива живот.

Како што напомена Папата, всушност пророците, Божјите луѓе кои не ги слушале и кои ги отфрлале ќе станат Божја слава. А Синот, последниот Кој го испратил, Кој бил отфрлен, осуден и убиен станал камен аголен. Изгледа како таа историја на љубовта – според зборовите на Папата – станува историја на неуспехот, меѓутоа завршува со Божјата голема љубов која од отфрлениот го изведува спасението; Бог преку Својот Син Кој го отфрлиле на сите нуди спасение.

Во тоа се распаѓа „логиката на неуспехот“ – рече папата Фрањо. Тоа Исус им го зборува на народните старешени, наведувајќи од Светото Писмо: „Каменот што го отфрлија ѕидарите стана, глава на аголот: од Господа е тоа, и чудесно е во очите наши!“

Патот на нашето спасение е пат на бројни неуспеси. И оној последниот на крстот, соблазна е. Но, љубовта всушност таму победува. Таа историја започнува со Божјиот „сон на љубовта“, продолжува како историја на неуспехот и завршува со победа на љубовта на Исусовиот крст – истакна Светиот Отец. Не треба да го заборавиме тој тежок пат кој е и наш – рече Папата, објаснувајќи дека ако ја испитаме совеста ќе видеме колку пати сме ги „отфрлиле пророците“ и на Исус сме Му кажале „замини“; колку пати сме сакале самите себе да се спасиме и како за себе сме мислеле дека сме праведни.

Немој никогаш да заборавиме – поттикна папата Фрањо – дека во смртта на Синот на крстот се покажува Божјата љубов кон сопствениот народ. Би било добро да мислиме на таа историја на љубовта која изгледа неуспешна, но на крајот победува. Тоа значи да се присетиме во нашите животи на она семе на љубовта кое Бог во нас го посеал и да го правиме тоа што Исус во наше име го направил: „Да се понизиш сам себе.“

РВ/Д.И.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк
Категорија: Ватикан

За авторот