Папата повика на мир во Конго

Папата повика на мир во Конго

Папата Фрањо на Генералната аудиенција на 24 јануари 2018 година повторно упати апел за мир во Демократска Република Конго по вести за смртоносното насилство во таа втора по големина земја на африканскиот континент.

На крајот од Генералната аудиенција Светиот Отец рече дека од Демократска Република Конго продолжуваат да пристигнуваат загрижувачки вести. Од таа причина, повторно упатувам повик до сите да се залагаат за избегнување на секој облик на насилство – истакна Папата и додаде: Црквата од своја страна не сака ништо друго туку да придонесе за мирот и општото добро на општството.

Станува збор за вториот апел на Папата во помалку од една седмица. Имено минатата недела за време на апостолската посета на Перу ги повика властите од таа африканска земја да направат сè што е во нивна моќ за да избегнат било каков облик на насилство и да бараат решенија во корист на општото добро.

Во Демократска Република Конго избувнаа насилни политички конфликти по што демострантите на кои владата на Конго им забрани собирање, побараа од претседателот Џозеф Кабила да отстапи од својата должност. Повеќе десетици луѓе загинаа во демострациите, а насилството на безбедносните сили се зголемува, што предизвика страв во таа земја повторно да не избувне граѓанска војна.

Потсетуваме дека конгоанските епископи го дигнаа гласот против кршењето на човековите права од страна на владеачите, а се спротивставија и на настојувањата на Џозеф Кабила да го укине уставното ограничување според кое никој не може да биде избиран повеќе од два пати за претседател на Конго. Епископите исто така посредуваа помеѓу владеачите и опозицијата кои постигнаа т.н. Силвестерски договор кој е потпишан на 31 декември 2016 година. Договорот дозволи Кабила да ја врши претседателската должност до изборот на неговиот наследник.

Но, Државаната изборна комисија одлучи дека нови претседателски избори нема да се одржат пред декември 2018 година. Противниците на претседателот стравуваат дека Кабила има намера да остане на власт додека претседателот за доцнењето го обвинува бавниот процес на регистрација на избирачите.

РВ/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот