Папата Фрањо го осуди нападот во Пакистан

Папата Фрањо во својот наговор на 28 март упати апел за заштита на верските малцинства во Пакистан по трагичниот терористички напад и истакна дека хоризонтот на Воскресението ни ги отвора очите во ново светло да ги видиме настаните на сопствениот живот.

Апел по повод нападот во Пакистан

На Велигден во центарот на Пакистан Велигден е окрвавен со одвратен атентат кој уби многу невини луѓе, најголемиот дел христијанско малцинство – посебно жени и деца – кои беа собрани во јавниот парк во радост да го поминат воскресното славење. Сакам да ја покажам својата близина со оние кои се погодени во кукавичко и бесмислено злосторство и повикувам на молитва до Господ за бројните жртви и нивните сакани – рече Светиот Отец по пладневниот наговор на 28 март по молитвата Regina Caeli.

Ги повикувам цивилните власти и сите општествени делови на таа земја да го вложат секој напор на населението да им ја вратат сигурноста и мирот, посебно на најранливите верски малцинства. Уште еднаш повторувам дека насилството и омразата која убива водат само во болка и уништување; почитта и братството се единствениот пат до мирот. Нека Господовото воскресение уште посилно ја поттикне во нас молитвата Бог да ја запре раката на насилникот кои сее терор и смрт и во светот да завладее љубовта, праведноста и помирувањето – рече папата Фрањо.

Верата и надежта го отвораат хоризонтот на воскресението

Во говорот Светиот Отец истакна дека со Христовото воскресение животот ја победи смртта, а милосрдието и љубовта го победија гревот. За отворање кон тој „нов и прекрасен хоризонт“ потребни се вера и надеж, Божји дарови за кои треба да молиме: Господи, дај ми вера, дај ми надеж. Тие ни се многу потребни – рече папата Фрањо.

Сигурни сме дека Христос воскресна и дека е меѓу нас. Таа вистина неотповикливо ги обележа животите на апостолите, кои без страв го навестуваа она што го видоа со сопствените очи и она што лично го искусија. Во оваа јубилејна година – рече Папата – сме повикани повторно да го откриеме и да го прифатиме навестувањето: „Христос мојата надеж, воскресна!“ Ако воскресна, можеме со нови очи да ги гледаме сите настани од својот живот, вклучувајќи го и најнегативното“.

„Овоплоти“ го воскресното навестување и секојдневно да се чита евангелието

„Моментите на темнина, неуспех и грев може да се преобразат и да навестат нов пат. Кога ќе го допреме дното на својата беда и слабост, воскреснатиот Христос ни ја дава својата сила да станеме. Ако му се довериме на него, неговата милост нѐ спасува“ – рече Папата.

Потоа Светиот Отец поттикна на молитва кон блажена Девица Марија, да ни помогне во полнина да го прифатиме воскресното навестување, за да го „овоплотиме“ во секојдневниот живот. На крајот поттикна на уште нешто: секојдневна семејност со Светото Писмо: „Пет минути, не повеќе, може да се прочита дел од Евангелието. Запамтете го тоа!“

РВ/к.мк

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк

Категорија: Ватикан

За авторот