Кардиналскиот совет разговараше за војната во Украина и климатските промени

Кардиналскиот совет разговараше за војната во Украина и климатските промени

Кардиналскиот совет се сретна со папата Фрањо за прв пат по објавувањето на Апостолската конституција Praedicate evangelium за римската курија и нејзината служба на Црквата во светот“.

Војната во Украина, климатските промени и улогата на жената во Црквата беа меѓу актуелните теми на разговор на овонеделниот состанок на Кардиналскиот што се одржа во Ватикан со учество на папата Фрањо.

Тоа беше првиот состанок на Кардиналскиот совет по објавувањето на Апостолската конституција Praedicate evangelium во март, со кој се реформира Курија во светлината на нејзината служба за Црквата во современиот свет.

Состанокот го отвори координаторот, кардиналот Оскар Марадијага, кој понуди размислување за ситуацијата во Украина и за настанатата општествено-политичка, црковна и екуменска ситуација.

Папата Фрањо, од своја страна, го информираше Кардиналскиот совет за иницијативите, кои на различни начини ги преземаат тој, кардиналот Пиетро Паролин и Државниот секретаријат за промовирање на мирот. Членовите на советот му дадоа поддршка и охрабрување на Светиот Отец во неговите „неуморни“ напори за решавање на конфликтот.

Кардиналите разговараа и за прашањето за климатските промени и за претстојниот состанок на COP27, кој треба да се одржи во Египет во ноември. Кардиналот Фридолин Амбонго Бесунгу, надбискупот од Киншаса, се осврна на прашањето: „Можеме ли ние, како Црква, заедно со другите вероисповеди и религии, да им дадеме глас на овие грижи? Потоа ја анализираше светската ситуација и потребите и очекувањата од COP26 Глазгов, гледајќи особено на грижите на посиромашните нации во Азија, Латинска Америка, Африка и Океанија.

Продолжувајќи ја дискусијата започната на својата февруарска сесија, советот разговараше на тема за жените во Црквата. Сестрата фрањевка Лаура Викуња, домородна жена од Амазонија, презентираше извештај за оваа тема од пасторална перспектива, по што следеше дискусија со кардиналите.

Соборот, исто така, расправаше за дипломатската служба на Светиот Престол и за улогата и активностите на апостолските нунции; како и спроведувањето на Praedicate evangelium , вклучувајќи евалуација на веќе преземените чекори и на предизвиците со кои треба да се соочат.

Секој од кардиналите, исто така, известуваше за социо-политичката и црковната ситуација на нивните континенти, а се осврнаа и на прашањата на мирот, здравјето, сиромаштијата, како и политичките грижи и пасторалните предизвици.

Советот на кардиналите во средата ја заврши својата 41. седница, а следната седница е закажана за јуни 2022 година.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот