Папата Фрањо ги прими учесниците на проектот „Чувари на убавото“ промовиран од Италијанската бискупска конференција, замислен да го заштити достоинството на најслабите општествени групи: во контекст кој често нè охрабрува да „не ги валкаме рацете“ и да се префрли сè на другите, важно е грижата за другите и нештата да е лична и социјална обврска. Убавината не треба да се врзува за комерцијални и рекламни критериуми, туку за целосен развој на луѓето
Проектот „Чувари на убавото“ кој го промовира Италијанската бискупска конференција е важна порака за црковната заедница и за целото општество. Затоа, папата Фрањо, примајќи ги учесниците на проектот во аудиенција, во понеделник претпладне на 30 септември 2024 година, им се заблагодари на сите што го спроведуваат овој проект и за многуте добри работи кои ги прават. Иницијативата во неколку италијански градови вклучува сиромашни, невработени, мигранти и граѓани кои добиваат јавна помош, координирајќи ги во работни тимови за да се грижат за јавните места, како што се улици, плоштади, паркови, градини и споменици. Станува збор за луѓе во тешкотии или маргинализирани луѓе, кои се платени откако имаат добеино курс за обука и средба со локални компании кои бараат работници.
Внимание и грижа
Да се биде „чувар на убавото“, според зборовите на Папата, е повеќе начин на живот, стил, бидејќи да се чува значи да се заштити, чува, следи, брани, и грижи, поаѓајќи од свеста за вредноста на личноста или работата што ни е доверена. Ова значи да не се плашите да потрошите време, да се вклучите, да преземете одговорност. Во контекст кој често нé повикува да не си ги валкаме рацете, да префлиме на другите, сето тоа е повик за лично и заедничко ангажирање.
Секој може да направи нешто со своите способности и вештини, ум и срце за да ги заштити работите, соседите, заедничкиот дом, во перспектива на целосна грижа за создаденото.
Неопходни одлуки насочени за доброто на сите
Во денешниот свет, сиромашните итно бараат сериозни и ефективни одлуки насочени кон промовирање на доброто на сите – истакна папата Фрањо, додавајќи дека треба да се отвориме за сеопфатна перспектива.
Денес има многу луѓе на маргините, отфрлени, заборавени од општество кое е сè понемилосрдно и кое бара прекумерна ефикасност: сиромашни, мигранти, осамени стари и немоќни луѓе, хронично болни. Сепак, секој е скапоцен во очите на Господа. Затоа препорачувам, во вашата работа на обнова на бројни места оставени на запоставување и пропаѓање, секогаш да имате примарна цел заштита на луѓето кои живеат таму и кои ги посетуваат. Само така ќе ја вратите убавината на создадениот свет.
Убавина во секое создание
Што се однесува до убавината, која треба да се чува, Папата истакна дека денес за неа многу се зборува, до тој степен што станува опсесија и често се гледа на искривен начин, заменувајќи ја со минливи, масовни естетски модели, повеќе поврзани со хедонистички, комерцијални и рекламни критериуми отколку со целосен развој на луѓето. Според мислењето на папата Фрањо, таквиот пристап е штетен, бидејќи не помага кај секого да процвета најдоброто, туку води кон деградација на човекот и природата.
Сепак, станува збор за тоа дека треба да научиме да ја негуваме убавината како нешто единствено и свето за секое создание, кое Бог го осмислил и го сака од почетокот на светот како нераскинлива целина на благодат и добрина, естетско и морално совршенство. Тоа е вашето послание; и ве охрабрувам, како соработници во големиот план на Создателот, да не се уморите да го претворате грдото во убаво, деградацијата во можност, нередот во хармонија.
На крајот, Папата на вклучените во проектот „Чувари на убавото“ им ги вети своите молитви и го предложи Свети Јосиф од Назарет за пример, скромен и тивок чувар на најубавите „синови човечки“ (сп. Псалм 44,2) кој придонеее убавината да се врати во светот.
Ватикан њуз/к.мк