Папата упати порака до Светскиот економски форум во Давос

Достоинството на човекот, економија во служба на општо добро, општествено вклучување, борба против гладот и внимателност кон бегалците – се главните теми во пораката на папата Фрањо која ја упати по повод Светскиот економски форум, кој започнува на 22 јануари во Давос, Швајцарија. Во пораката упатена до извршниот претседател на форумот Клаус Шваб, а која ја прочита кардинал Турксон, претседател на Папскиот совет за Правда и мир, Папата сака таа средба да биде можност за подлабоко размислување на причините за светската економска криза.

Кај многу луѓе сиромаштвото е намалено – пишува Светиот Отец – но тоа не е доволно, бидејќи секогаш постои големо општествено исклучување. И денес голем број на мажи и жени секојдневно живеат во несигурност и тоа често со драматични последици. Поради тоа политикатата и економијата треба да работат на промовирање на пристапот кој вклчучува, кој го зема во предвид достоинството на секое човечко битие и општото добор.

Како може да се дозволи секој ден илјадници луѓе да умираат од глад, иако на располагање има доволно количества храна, која едноставно се расипува – стои во пораката на Папата. Светиот Отец исто така истакнува дека не можеме да останеме рамнодушни кон бројните бегалци кои бараат најосновни услови за достоинствен живот, а кои не само што не наидуваат на не прифаќање, туку на тие нивни нечовечки патувања често одат во пресрет на смртта.

Свесен сум дека овие зборови се силни и драматични, но тие треба да ја истакнат разликата, па и да предизивикаат способност форумот да ја види. Она што е потребно е обновено, длабоко и раширено чувство на одговорност на сите, за да се служи поделотворно за општо добро и добрата од овој свет да бидат достапни за сите луѓе, истакна папата Фрањо.

Користејќи се со зборовите на папата Бенедикт XVI од енцикликата ‘Caritas in veritate’, папата Фрањо истакнува дека праведноста не треба да биде само економска, да се постигне поправедна распределба на богатствата, создавање на работни места, интегрирање на сиромашните, туку се темели на натприродното гледање на личноста.

Пораката на Папата завршува со многу силен апел: Ве молам да направите богатството да биде во служба на човештвото, а не со нив да владее. Светот на бизнис смета на луѓе со човечката етика, кои се со голема честитост и се раководат од големите идеали на праведност, великодушност и грижа за вистински развој на човечкото семејство.

Овогодинешниот форум е 44 по ред, а на него учествуваат околу 2500 учесници, меѓу кои и околу 40 претставници на држави и влади, како и Генералниот секретар на ООН. Освен тоа на форумот се присутни и бројни невладини организации и верски преставници. Од Католчка црква на форумот ќе учествуваат кардинал Петер Турксон, претседател на Папскиот своет за Правда и мир, кардинал Џон Онејакан, архиепископ во Абуја, Нигерија; кардинал Луси Антонио Тагле, како и архиепископпот Дијармуд Мартин од Даблин.

РВ/го*ко

Категорија: Ватикан

За авторот