Папата упати порака до бразилските вработени во средствата за информирање
Понуда на лична средба со Христос, вистинскиот и преобразениот, во дигиталниот свет треба да го следи навестувањето на Евангелието – рече Папата во пораката до учесниците на четвртиот бразилски конгрес за пасторал на социјалната комуникација, кој е отворен на 24 јули што во маријанското светилиште Апарецида. Пораката ја потпиша Папскиот државен секретар Пиетро Паролин, а ја објави весникот Осерваторе Романо.
Истовремено со Конгресот на кој што се расправа на тема „Комуникацијата, предизвиците и можностите за евангелизација во ерата на дигитална култура“, се одржува и национален курс за млади комуниколози. Целта на средбата која завршува на 27 јули е да се проучат новите начини на обликување и поттикнување на бразилските работници во пасторалната комуникација. Средбата на која учествуваат епископи, свештеници, монаси и лаици се ангажирани во пасторалот и се одржува по повод годишнината од посетата на Папата на Бразил, на Светскиот ден на млади.
Познато е дека Папата сакаше неговото ходочастие во Апарецида да биде во рамките на Светскиот ден на млади за да може да го посети местото каде што бил пред шест години како кардинал на Буенос Аирес еден од главните протагонисти на Општата конференција на латинско-американскиот и карипскиот епископат која се одржува во 2007 година. А нс минатогодишното искуство мислеше папата Фрањо кога цитирајќи ја проповедта од 27 јули 2013 година во бразилската катедрала поттикна на излегување од парохијата, од нашите заедници, парохиските или епископските институции, бидејќи многу луѓе чекаат да им се навести Евангелието. Излегувањето на улица не е едноставно отворање на вратата за да можат други да влезат и да се се прифатат, туку значи да излезеш надвор и да ги бараш и да се среќаваш со другите – објасни Папата
Повикот да се излезе се однесува и на дигиталниот континент. Ниту еден пат не треба однапред да се затвора за човек кој во името Христово сака да биде солидарен. Со Евангелието во рацете и во срцето повторно да се истакне дека е време за подготвување на патиштата кои водат до Божјото Слово, обраќајќи посебно внимание на оние кои ја барат смислата на животот – предупреди Папата во пораката додавајќи:
Пасторалот во дигиталниот свет е повикан да води сметка за неверниците, за тажните, кои сепак во срцето негуваат желба за апсолутната и за вечната вистина, бидејќи новите средства за информирање овозможуваат воспоставување на допир со следбениците на сите религии, со неверниците и со луѓето од сите култури. Дигиталните канали во тој контекст се многу важни за ново мисионерско излегување кој Папата го посака во апостолското писмо „Радоста на Евангелието“, а во пораката истакнува дека „сите сме повикани на излегување“.
Затоа вработените во пасторалот за комуникација се должни со доверба и со свесно и одговорно творештво да се вклучат во интернетските односи кои ги овозможува дигиталната ера. Папата им покажа конкретен начин за вклучување: од една страна располагајќи со потребните средства да се научи посебниот говор на тој ареопаг, од друга страна пак да се признае првенството на човекот. Не треба да се заборави дека дигиталниот континент во прв ред е место за средба помеѓу мажи и жени чии желби и предизвици се вистински, а не виртуелни и затоа им е потребен конкретен. а не виртуелен одговор – заврши Светиот Отец.
РВ/Д.И.