Папата: Трговијата со дрога е метастаза која проголтува

Приклонете се со чувствителност и почит над длабоката душа на вашиот народ, слегнете внимателно и дешифрирајте го неговото милосрдно лице, ги повика папата Фрањо мексиканските епископи со кои се сретна првиот ден од својата апостолска посета на Мексико, 13 февруари.

Единствената сила способна да ги освои срцата на луѓето е Божјата нежност, истакна Папата осудувајќи ја арогантната самодоволност на оние кои мислат дека можат да живеат без Бог. Бидете епископи со јасен поглед, транспаретни души, светли лица. Немојте да се плашите од транспарентноста. На Црквата не ѝ треба темнината за да работи, им порача Папата на епископите кои ги повика на будност „погледите да не им се заплашат од непроѕирната маглива световност“.

Не дозволувајте да ве расипе вулгарниот матрејализам, ниту заводливите илузии на договорите склучени тајно. Не ставајте ја својата доверба во „колата и коњите“ на денешните фараони. Не губете ги времето и енергијата на споредни работи, на озборувања и сплетки, на празни планови за кариера, на празни планови за хегемонија, рече Папата. Според Светиот Отец треба да се надмине искушението на дистанцата и клерикализамот, ладност и рамнодушност, триумфално владеење и авто-референтност затоа што единствено Црквата е способна да го заштити лицето на луѓето кои доаѓаат да чукаат на нејзината врата, таа е способна да им зборува за Бог. Ако не ги дознаеме нивните страдања, ако не ги запазиме нивните потреби нема да можеме ништо да понудиме, истакна Папата.

Папата во своето обраќање до мексиканските епископи во катедралата на главниот град на Мексико, Мексико Сити ја осуди трговијата со дрога нарекувајќи ја „метастаза која проголтува“. Ме загрижуваат многумина кои заведени од празната моќ на светот, ги слават химерите и се даваат на нивните ужасни симболи да тргуваат со смртта во замена за пари кои на крајот молец и рѓа ги нагризуваат и крадци ги поткопуваат и крадат. Ве молам да не го потценувате етичкиот и антицивилизацискиот предизвик кој трговијата со дрога го претставува за целото мексиканско општество, вклучувајќи ја и Црквата. Размерите на тој феномен, комплексноста на неговите причини, бескрајноста на неговото ширење како метастаза која проголтува, тежината на насилството кое го внесува хаосот и неговите пореметени врски не ни дозволуваат на нас, црковните пастири да се сокриваме зад општата осуда, туку бараат пророчка храброст и сериозен и стручен пасторален план за постепено да се придонесе за ткаење на оние нежни човечки мрежи без кои сите би биле уништени од самиот почеток на таа подмолна закана, рече Папата.

Борбата против трговијата со дрога, според Папата, треба да започне од конкретните животни ситуации. Само појдувајќи од семејството, приближувајќи се и прегрнувајќи ја човечката и егзистенцијалната периферија на опустушените територии на нашите градови; вклучувајќи ги и парохиските заедници, училиштата, општествените институции, политичките заедници, безбедносните структури; единствено така ќе можеме целосно да се ослободиме од водата во која за жал се удавија многу животи, без разлика дали оние кои умреле како жртви или оние кои пред Бог секогаш ќе имаат крв на своите раце, без разлика колку паричникот им бил полн со валкани пари, а совеста умртвена, истакна Папата.

РВ/к.мк

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк
Категорија: Ватикан

За авторот