Папата се сретна со германските бискупи

Папата се сретна со германските бискупи

Во четврток 17 ноември 2022 година папата Фрањо ги прими во аудиенција членовите на Германската бискупска конференција (ДБК) по повод нивната ad limin посета.

„Двочасовната средба беше замислена како отворена дискусија, на која бискупите можеа да ги поставуваат своите прашања и теми, а Папата одговараше поединечно“, соопштува Германската бискупска конференција.

„Во однос на содржината, се работеше за размислувања за пасторалот во променливите времиња, за свештеничката и епископската служба, за вклученоста на лаиците во Црквата и за предизвикот како да биде успешна евангелизацијата во контекст на секуларниот свет“.

Се зборуваше и за синодалниот пат

Дополнително, бискупите информираа за нивните искуства во (над) бискупиите и за ангажманот на Црквата во целиот свет. „Средбата ја обликуваа прашањата за политичката одговорност, социјалната кохезија и перспективата за мир, во услови на глобални и регионални конфликти“, посочуваат од Бискупската конференција.

„За време на разговорот се разгледани аспектите на синодалниот пат на Црквата во Германија и синодалниот процес во светот“, се наведува во соопштението. Овие прашања ќе бидат „продлабочени“ на средбите, кои бискупите ќе ги имаат со раководителите на неколку ватикански дикастерии.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот