Зборувајќи за „најборбената“ крепост – за силата – на Генералната аудиенција во среда 10 април 2024 година, папата Фрањо истакна дека таа обезбедува цврстина и постојаност во потрагата по добро во тешкотиите. Силата нѐ опремува да го победиме стравот, па дури и смртта, и да се соочиме со искушенија и прогонства.
Силата е поврзана со она што во старина се нарекувало „раздразлив нагон“. Античката мисла не замислувала човек без страсти и не значи дека страстите се нужен остаток од некој грев, објасни Папата. Сепак, треба да се воспитуваат, насочуваат, прочистуваат со водата на крштението. Христијанин без храброст, кој не ја насочува сопствената сила кон добро, кој никому не му пречи, е бескорисен христијанин, нагласи тој, додавајќи дека Исус не е „асептичен“ бог на кој човечките чувства не му се познати.
Има двојно движење на крепоста сила. Првиот е насочен кон нашето внатрешно – постојат „внатрешни непријатели“ кои мораме да ги победиме, како што се маки, вознемиреност, страв и вина.
Силата е пред се победа над нас самите. Повеќето стравови кои се појавуваат кај нас се нереални и воопшто нема да се остварат. Затоа е подобро да го повикаме Светиот Дух и да се соочиме со сè со трпелива сила: еден по еден проблем, колку што можеме, но не сами! Господ е со нас, да имаме доверба во него и искрено да го бараме она што е добро. Тогаш во секоја ситуација можеме да сметаме на Божјата промисла, која е наш штит и засолниште.
Покрај тоа, има и „надворешни непријатели“ – животни искушенија, прогонства, тешкотии кои не ги очекувавме и кои не изненадуваат. Реалноста во голема мера е составена од неразбирливи настани и „во тоа море нашиот брод го нишаат бранови“. Силата тогаш не прави издржливи морнари кои не се плашат и не се обесхрабруваат“, рече Светиот Отец.
Понатаму, тоа е основна крепост затоа што сериозно го сфаќа предизвикот на злото во светот. Крепоста сила нè принудува да реагираме и гласно да кажеме одлучно „не“ на сите зла од кои сме делумно жртви, а делумно протагонисти.
На нашиот Запад, каде што живееме удобно, кој донекаде разводни сè, кој го претвори патот до совршенство во едноставен органски развој, кој нема потреба од борби, бидејќи сè е исто, понекогаш чувствуваме здрав копнеж по пророци. Но, луѓето кои не се предадоа на удобноста и визионери се многу ретки. Потребен ни е некој кој ќе не исфрли од удобното место на кое сме се „замислиле“ и ќе не принуди решително да го повториме нашето „не“ на злото и на сето она што води кон рамнодушност.
По катехезата, Папата побара од Господа да им даде мир на Украина, Палестина и Израел и повика Мјанмар да не биде заборавен. „Да не ги заборавиме нашите браќа и сестри кои толку многу страдаат во овие места на војна“. Светиот Отец ја изрази својата близина и со народот на Казахстан, кој се соочува со најголемите поплави во последните 70 години.
Ватикан њуз/к.мк