Кардинал Луис Пасквал Дри: Посетата на Папата би била добра за Аргентина

Кардинал Луис Пасквал Дри: Посетата на Папата би била добра за Аргентина

Долгогодишниот исповедник на папата Фрањо, кардиналот Луис Пасквал Дри се надева на неговата посета на неговата родна Аргентина.

Мислам дека ќе ѝ направи многу добро на Аргентина, рече 96-годишниот кардинал од Буенос Аирес за можното апостолско патување на Папата.

„Ние сме доста поделени во политиката, дури и во Црквата. Не е сѐ розово. Така, ако еден ден Папата го донесе зборот надеж, би можел да каже: Простувањето е кислородот што го прочистува воздухот загаден од омраза“, рече кардиналот Дри.

Од неодамна, има се повеќе индиции за можно патување на папата во Аргентина оваа година. По тензиите за време на изборната кампања, расположението меѓу новиот претседател на Аргентина, Хавиер Милеи и папата Фрањо се смири. За време на посетата на Ватикан, претседателот го покани Светиот Отец да ја посети таа јужноамериканска земја, која е погодена од финансиска и економска криза.

За можна посета на татковината неколку пати зборуваше и самиот Папа. Засега нема официјални планови за такво патување.

Од 2000 година, меѓу другото, кардиналот Дри е баран исповедник во маријанското светилиште Пресвета Богородица од Помпеја во Буенос Аирес, каде што исповеда и денес. Свештеникот капуцин аргентинските медиуми го нарекоа „исповедникот на Папата“ поради неговото познанство со кардиналот Хорхе Марио Бергољо, кому му беше исповедник.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Вести, Свет

За авторот