Духовна средба во Дојран

Духовна средба во Дојран

Од 31 март до 2 април 2023 година се одржа годишната Духовна средба, која традиционално го носи името Vacanzina – за Југоисточна Европа, во организација на Comunione e Liberazione (Заедништво и Слобода).

Средбата се одржа во Стар Дојран и Паљурци, а беше посетено и Богданци. Учество зедоа верници од повеќе земји од југоисточна Европа: Романија, Бугарија, Грција, Косово, Украина, Италија, Полска, Шпанија и Македонија.

Темата на средбата беше: „Изворот на животот нас нè возљуби“. Претставена во вид на повеќе прашања, во кои беа опфатени и земјотресот во Турција и Сирија и војната во Украина. По препорака од епископот д-р Киро Стојанов, духовната средба беше отворена со молитва за мир во Украина, бидејќи се совпадна со денот кога во сите парохии во Македонија се молеше за мир.

Покрај предавањата, споделувањето искуства, линковското вклучување од Турција и дружењето преку молитва и свети Литургии, заедништвото преку прикажувањето на различноста во традициите, мелосот и песните, како и меѓусебните разговори, а беше направена и организирана посета на црквата (манастирот) Мајка Божја Утешителка на Чуката во Паљурци.

Поклоничкото патување до оваа Маријанско светилиште, на Католичката црква во Македонија, беше вистинско ходочастие, зашто освен неколкуте верници кои поради возраста или болест стигнаа горе со помош на превозни средства, сите останати во чест и слава Божја се искачија пеш и тоа тргнувајќи од регионалниот пат Богданци – Дојран.

Ходочастието до црквата Богородица – Утешителка беше радосен момент на заедничка молитва и кратко предавање за важноста на светилиштето Паљурци, кое го одржа отец Зоран И. Стојанов.

Наталија С./к.мк

Категорија: Вести, Македонија

За авторот