Папата се сретна со фудбалерите на Борусија Менхенгладбах

Папата се сретна со фудбалерите на Борусија Менхенгладбах

Пред почетокот на Генералната аудиенција, во среда 2 август 2017 година во Малата сала Павле VI папата Фрањо накратко се сретна со членовите на Германското фудбалско друштво Борусија Менхенгладбах и нивните семејства и во таа прилика упати пригодни зборови:

Многу се радувам што можам да ви искажам добредојде во Ватикан. Срдечно добредојде до сите вас! Вашата посета ми овозможува да ја изразам исто така својата благодарност за пријателството кое се разви во фудбалскиот свет воопшто, а посебно помеѓу клубот на вашата стара слава и Спорското друштво на Ватиканските вработени, преку разни натпревари одиграни последните неколку години во Менхенгладбах и Рим– рече папата Фрањо.

Вашиот клуб се одликува со тоа што секогаш е „по мерка на човекот“, така да кажеме. Екипа која го сака семејството. Убаво е да се види како семејства го пополнуваат вашиот Борисија Парк и како таму се одржуваат разни спортски и образовни програми и иницијативи за промовирање на младите . Ве повикувам и понатаму да се заземате како „спортисти на доброто и мирот“, на кои многу им требаат на денешниот свет – поттикна Светиот Отец. „Вас, вашите семејства и сите ваши најмили ги доверувам на Господ. Тој секогаш нека ве придружува со својот благослов“ – рече Светиот Отец на крајот од средбата.

к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот