Папата Фрањо во поткаст се осврнува на неговиот личен живот

Папата Фрањо во поткаст се осврнува на неговиот личен живот

Папата Фрањо разговараше со аргентинскиот свештеник Гиљермо Марко, кој 10 години раководеше со Канцеларијата за печат во надбискупијата на Буенос Аирес кога надбискуп беше самиот Свети Отец. Дел од разговорот е објавен во подкаст на Марко.

„Моето срце е складиште, има многу работи што ги чувам. Постојано морам да ги проширувам полиците. Поради тоа што по малку сум и „колекционер“ во добра смисла на зборот, не сакам да изгубам ништо од добрите работи што ми ги даваат луѓето. Луѓето толку многу знаат да ве израдуваат, со примери, зборови, со едно, две дела. Свештеникот е тука да ги учи луѓето, но мислам дека многу учиме од луѓето ако ги гледаме“. Ова е почетокот од интервјуто на папата Фрањо со аргентинскиот свештеник Гиљермо Марко во јуни, кое беше објавено на 3 јули на подкаст чиј домаќин беше отец Марко.

Разговорот беше фокусиран на повеќе лични прашања: духовниот живот на Папата, неговото време надвор од неговата родна Аргентина. Со оглед на тоа што актуелните прашања се дискутираат во други медиуми, во подкастот о. Марко се разговара на „едноставни теми од животот“. Отец Марко го познава папата Фрањо долги години, затоа и на почетокот на подкастот искоментира дека му поставува прашања кои често си ги поставува самиот, затоа што знаел како живеел, како се молел. „Тој често би ви кажал, за некој проблем: „Па, дозволете ми да се помолам и потоа ќе ви одговорам“, рече о. Марко.

Каква е молитвата на Папата?

Првото прашање беше за молитвениот живот на Папата. Светиот Отец истакна дека „молитвата на епископот е грижа за стадото, евангелски кажано, а Папата е епископ, па продолжува во ист стил. Слично е: моли, застапува, се заблагодарува за сето направено добро“.

„Дали си уште ранобудник во молитвата? го праша о. Марко, на што римскиот бискуп одговора потврдно, бидејќи ако не се моли наутро, веќе нема време да се моли, бидејќи човекот е зафатен со низа секојдневни обврски.

Шетањенајголемата носталгија за животот во Буенос Аирес

Она што најмногу му недостига на наследникот на Петар од главниот град на Аргентина е можноста да се шета по улиците, како што самиот објасни: „Во Буенос Аирес или пешачев или се возев со автобус итн. Овде ме фатија и двата пати на дело кога морав да излезам“. Двапати, во зима. Отидов во оптика, а една госпоѓа од балконот (вика) „Папата!“, и тоа беше тоа, а кога отидов до продавницата немаше никој таму – отидов да ја благословам затоа што беше продавница во сопственост на пријатели, кои го реновираа, ме прашаа луѓето: „Зошто не дојдеш, толку многу ни помогна?“ Па затоа и отидов. Темнина… Каква лоша среќа што таму во близина имало постојка за такси и таму новинар чекал другар да земе такси“ .

Какво е чувството за толку голема одговорност?

За неговата духовна состојба пред посланието за Петров наследник, Папата изјави дека Светиот Дух дава многу плодови, но никогаш не се зборува за ситуации во кои сте анестезиран. Понекогаш се чувствувате анестезирани за ситуации кои треба да ве натераат да страдате и да се придвижите, а да не ја пропуштите можноста.

„Каде што има криза, има и раст“

Друга тема за која се разговараше во интервјуто беше управувањето со кризи: „Една од работите што ги научив овде е дека не знаеме како да се справиме со кризите, а кризите се тие што не тераат да растеме“, рече Папата.

Покасно Папата ги цитира основачите на Европската унија како пример на луѓе кои знаеле да се справат со кризи и растеле со нив, „не ги претвориле во конфликти, црно – бело“.

„Кога кризата ќе ја претворите во конфликт, сте изгубиле. Заедништвото е поголемо од конфликтот, односно конфликтот ве смалува“, рече Папата.

Сведоштво за староста од прва рака

На крајот, по повод циклусот катехези за старите лица, кој римскиот бискуп го започна на 23 февруари годинава за време на Генералните аудиенции, о. Марко сакаше да знае како Папата се справува со таа фаза од својот живот: „Во овие години се смеам на себе и продолжувам понатаму“, рече Светиот Отец.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот