Папата: Да се почитува жената

Почитување на улогата на жените во Црквата и општеството. Тоа беше охрабрувањето на папата Фрањо упатено за време на аудиенцијата со претставничките на Меѓународната католичка конференција на извидничките раководителки, по повод 50 годишнината од нејзиното основање.

Во своето словото Папата го разобличи ширењето на идеологиите спротивни на природата и на Божјата промисла за семејството и бракот. Папата Фрањо ја цитираше својата енциклика „Laudato si“ и истакна дека воспитувањето во екологијата е од суштинска важност како за промената на начинот на размислување и навиките, така и за надминување на предизвиците кои се однесуваат на животната средина.

Папата Фрањо истакна дека асоцијации како што е Меѓународната католичка конференција на извидничките раководителки треба да поседуваат јасна педагогија, пред сè во овој културен контекст:

„Живееме во свет во кој се шират идеологии спротивни на природата и на Божјата промисла за семејството и бракот. Затоа, треба да ги воспитуваме девојкиte, не само во убавината и раскошот на нивното звање како жени, во фер и разграничување на односите меѓу мажот и жената, туку и во преземањето на одговорности во Црквата и општеството“.

Папата Фрањо истакна дека во некои земји, жената се уште се смета за пониска по важност од мажот и дури е експлоатирана и злоупотребувана“. Затоа, тој ги повика извидничките раководителки, да одиграат важна улога во промовирањето и воспитувањето.

Цитирајќи ја својата енциклика „Laudato si“, папата Фрањо истакна дека „воспитувањето во екологијата е од суштинска важност за промената на начинот на размислување и навиките, со цел надминување на загрижувачките предизвици за човештвото, кои се во врска со животната средина“. Сметам, истакна Папата, дека „движењето на извидничките раководителки што во својата педагогија придава важно место на контактот со природата, е посебно подготвена за тоа“.

„Посакувам извидничките раководителки да продолжат да бидат секогаш подготвени да го разликуваат присуството и добрината на Творецот во убавината на светот кој ги опкружува.

РВ/В.Н.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк
Категорија: Ватикан

За авторот