Папата се сретна со раководителите на ватиканските дикастерии

Во понеделник 24 ноември 2014 година папата Фрањо имаше средба со раководителите на ватиканските дикастерии, на тема реформа на Римската Курија. Патер Ломбарди, директор на Канцеларијата за печат при Светиот Престол во разговорот со медиумите потсети дека вакви состаноци се одржуваат скоро секој шест месеци. Секретарот на Советот на кардинали, кој му помагаат на Папата во управувањето со Црквата, бискупот Марчело Семераро на состанокот одржа кратка презентација, по што сите присутни ги изнесоа своите мислења, кои ќе бидат земени во предвид за следната средба на Папата со советот од девет кардинали, кој ќе се одржи од 9-11 декември 2014 година

РВ/го*ко

Категорија: Ватикан

За авторот