Папата Фрањо упати телеграма со сочувство до египетскиот претседател Абдел Фатах ал-Сиси, изразувајќи сочувство заради убиството на коптските христијани во Египет. Светиот Отец го осуди варварскиот напад како „бесмислен чин на омраза.“
Потсетуваме дека на 26 мај 2017 година група вооружени луѓе запреле автобус, и напаѓачите влегле и отвориле оган врз коптските поклоници кои биле на пат кон манастирот Свети Самуел Исповедник. Во нападот убиени се најмалку 28 коптски верници, меѓу кои има и деца, а 25 се ранети.
Во телеграмата која ја потпишува Папскиот државен секретар, кардинал Пиетро Паролин, папата Фрањо гарантира дека се моли за загинатите и за нивните ожалостени семејства, ранетите, и го ветува своето трајно застапување за мир и помирување за оваа северноафриканска земја.
РВ/к.мк
За авторот
Слични написи
Папата: Договорот меѓу САД и Иран треба да доведе до крај на војната и елиминирање на нуклеарното оружје
Порака на папата Фрањо Urbi et orbi – до градот и светот: Да станеме ходочесници на надежта, мирот и единството

