Автентичната вера е извор на мир, а не на насилство

Во говорот пред претставниците на верските заедници папата Фрањо на Католичкиот универзитет се осврна на значењето на верската слобода.

На средбата со претставниците од различните верски заедници во Албанија, папата Фрањо повтори дека никој не може да го користи Божјето име за да го оправда насилството. Говорејќи на Католичкиот универзитет во Тирана, Папата рече дека „автентичната вера е извор на мир, а не на насилство… Убивањето во име на Бога е тешко светогрдие. Дискриминацијата во името Божјо е нечовечна“. Предупредувајќи дека верската слобода не може да биде загарантирана само со законски акти, Папата ги повика сите присутни да го поттикнуваат почитувањето и соработката во служба за општото добро. Кога некој е сигурен во сопствените убедувања, рече Папата, тогаш нема потреба да се врши притисок врз другите. Исто така, Папата ги цитираше зборовите на папата Иван Павле II изречени за време на неговата посета на Албанија во 1993 година, кој рече дека верската слобода е дар за секој човек посебно. Папата повторно се осврна и на времето на комунизмот, велејќи дека Албанија е сведок на насилството и трагедиите предизвикани од насилството со исфрлање на Бог од животот на поединецот и општеството, а тоа резултираше со обожавање на идоли и губење на достоинството и правата на мажите и жените.

Меѓуверската средба Папата ја започна со мала шега: „Со малку хумор може да се каже, дека ова наликува на фудбалски натпревар, католици против останатите… Сите заедно за доброто на татковината и човештвото. Бидете знак за својата земја!, рече Папата.

Пред средбата со верските претставници Папата ручаше со албанските епископи. На Црквата во Албанија,П апата ѝ подари копија од најстариот постоечки албански мисал Ѓон Бузукус од 1555 година чиј оргинал се чува во Ватиканската библиотека.

ИКА/В.Н.

2217

Категорија: Ватикан

За авторот