Папата се сретна со претседателот на Панама и со претседателот на владата на Андора

Папата Фрањо во петок 5 септември во аудиенција го прими претседателот на Панама, Хуан Карлос Варела Родригез, кој потоа се сретна и со кардинал Пиетро Паролин, државен секретар на Ватикан, како и со монсињор Доминик Мамберти, секретар за односи со државите. Тема на разговорите беше соработката меѓу Црквата и државата на одредени општествени проблеми – посебно кои се однесуваат на младите, сиромашните и најзагрозените. Потоа станало збор и за разни регионални прашања поврзани со престојниот 7. Собир на Америка, како и за поедини меѓународни проблеми, истакнувајќи го доприносот Панама за за иградбата на мирот.

Истиот ден во Апостолската палата папата Фрањо во аудиенција го прими и претседателот на владата на кнежеството Андора, Антиони Марти Петит. Потоа Петит се сретна со кардинал Паролин, државен секретар на Папата, како и со монс. Мамберти, секретар за односи со државите. Во срдечниот разговор се обновени традиционално добрите односи помеѓу Андора и Светиот Престол, а се разговарало за теми од заеднички општествен интерес.

РВ/го*ко

Категорија: Ватикан

За авторот