Папата се сретна со корејските верските водачи

Пред светата Литургија за мир и помирување во Кореја, папата Фрањо во Сеул се сретна со тамошните верски водачи, и им упати неколку зборови на шпански јазик. Заблагодарувајќи им за љубезноста и наклонетоста кои што му ги изразиja, доаѓајќи на средбата со него, Папата истакна дека животот е пат, долг пат, кој меѓутоа, не можеме да го поминеме сами. Треба да одиме со браќата во Божјата присутност – рече Светиот Отец. Заради тоа ви благодарам на овој гест на заедничкото одење во Божјата присутност – рече Светиот Отец и истакна дека всушност Бог тоа го барал од Авраам. Браќа сме, се препознаваме како браќа и одиме заедно. Нека Господ нѐ благослови. И ве молам, молете се за мене – рече на крајот Светиот Отец.

РВ/Д.И.

Категорија: Ватикан

За авторот