Папата се сретна со децата кои со воз дојдоа од Калабрија

Од италијанската покраина Калабрија на 28 мај 2016 година во Ватикан пристигна воз полн со деца од различни раси и религии. Папскиот совет за култура овогодинешниот „Воз за деца“ го организира со мотото „Брановите ги донесоа“

Добар ден Папа, сакам да ти кажам да се молиш за моето семејство кое замина во небото и за моите пријатели и тие си заминаа во небото – рече едно мало момче од Нигерија кое со многу деца бегалци дојде на средба со Папата. Една пак учителка му предаде на Папата писмо кое го напишале нејзините ученици, а го причита кардинал Раваси. Ние децата ветуваме дека ќе го прифатиме секого кој ќе дојде во нашиот крај; оној кој има различна боја на кожата, кој зборува различен јазик или исповеда друга вера, никогаш нема да го сметаме за опасен непријател – истакнаа учениците.

Папата потсети дека во текот на Генералната аудиенција во средата еден спасувач му донел еден појас за спасување велејќи му: „Оче не успеав. Едно девојче го носеа брановите, не можев да го спасам. Остана само појасот за спасување.“ Ова е појасот за спасување на тоа девојче. Не сакам да ве натажам, но вие сте храбри и ја знаете вистината. Во опасност се бројни млади, деца и девојчиња, мажи и жени се во опасност. Да мислиме на тоа девојче… Кое е нејзиното име? Не знам девојче без име. Секој во своето срце може да ја нарече како сака. Таа е во небото не гледа нас – рече папата Фарњо.

Меѓу децата имаше педесет деца од римското здружение „Спорт без граници“. Едно девојче го праша Светиот Отец што значи за него „да биде Папа“. Папата и одговори дека значи да прави добро. Јас чувствувам дека за тоа ме повикал Исус. Исус сакал да бидам христијанин, а христијанинот треба да прави добро. Исус исто така сакал да бидам свештеник, епископ, а свештеникот и епископот треба да прават добро. Чувствувам дека Исус ми зборува за да правам добро, тоа е она што го чувствувам – заврши Светиот Отец.

РВ/к.мк

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк

Категорија: Ватикан

За авторот