Папата Фрањо се врати од Бахреин

Папата Фрањо се врати од Бахреин

Во недела 6 ноември 2022 година попладнето, по 101 пат од почетокот на своето папство, на крајот од своето 39. Апостолско патување, во рамки на посетата на Бахреин, папата Фрањо отиде во римската базилика Света Марија Велика да се помоли пред иконата на Богородица – Salus Populi Romani.

Набргу по слетувањето на римскиот аеродром Фиумичино, на враќање од Кралството Бахреин, папата Фрањо, како и секогаш, отиде во базиликата Santa Maria Maggiore (Света Марија Велика) да се помоли пред иконата на Пресвета Богородица Salus Populi Romani (Спас на римскиот народ). Светиот Отец ѝ се заблагодари на Богородица за неговото 39. Апостолско патување, кое и го довери на 2 ноември, по 100-ти пат од почетокот на неговиот понтификат во таа базилика.

„Попладнево, по враќањето од Бахреин, како и обично на крајот од секое Апостолско патување, папата Фрањо отиде во базиликата Santa Maria Maggiore (Света Марија Велика) и се задржа во молитва пред иконата на Пресвета Богородица – Salus Populi Romani. Потоа папата Фрањо се врати во Ватикан“, стои во соопштението на Канцеларијата за пречат на Светиот Престол.

Имено, папата Фрањо во недела 6 ноември 2022 година попладне се врати од Бахреин каде отпатува на 3 ноември и каде ги посети градот Авали и главниот град Манама. Светиот Отец учествуваше на Форумот за дијалог меѓу Истокот и Западот, заедно со верски лидери од целиот свет.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот