Папата се сретна со Банк Ки Мун

Папата Фрањо на 28 април накратко се сретна со генералниот секретар на ОН Бан Ки Мун, кој во Ватикан учествува на меѓународната конференција “Заштитата на Земјата, облагородување на човештвото. Морална димензија на климатските промени и одржлив развој“ организиран од Папската академија на науките. Средбата се одржа во Папската академија на науките пред отворањето на симпозиумот, а во изјава за средбата ватиканскиот портпарол отец Федерико Ломбарди истакна:

„За време на средбата, како и на подоцнежната прес-конференција, Бан Ки Мун ја изрази својата благодарност до Папата, кој ја прифати поканата да се обрати на Генералното собрание на ОН на 25 септември. Генералниот секретар на ОН исто така го истакна очекувањето и за претстојната енциклика на папата Фрањо, која ги отсликува некои од актуелните напори на Обединетите нации не само по еколошки прашања, туку и со прашања поврзани со мигрантите и драматичната хуманитарна ситуација во различни делови на светот погодени од конфликти“.

РВ/го*ко

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк
Категорија: Ватикан

За авторот