Во Латинска Америка е потребно ново присуство на католиците во политиката

Во Латинска Америка е потребно ново присуство на католиците во политиката

Единствено разбирајќи ја политиката во светло на Евангелието луѓето можат да станат протагонисти на својата историја, а т.н. владеачки класи да престанат да веруваат дека за сè можат да одлучуваат.

Политиката не е само уметност за упрaвување со моќта. Таа е звање за служење на општото добро – рече папата Фрањо на 4 март 2019 година на учесниците на семинарот за формирање на млади католички водачи од различни делови на Латинска Америка. Семинарот се одржа на тема „Социјалната наука на Црквата и политичкото делување во Латинска Америка – за нова генерација латиноамерикански католици во политиката“. Звањето на христијаните, а посебно политичкото звање се раѓа во заедницата – рече Папата и истакна: Првиот знак во заедницата е пријателството меѓу членовите кои се запознаваат преку овоплотувањето на Исус Христос и кои се повикани тоа исто пријателство да го пренесат на другите на мисионрски начин за да го прошират искуството кое го нарекуваме Црква.

Да се биде католик во политиката не значи да се биде почетник во некоја група, организација или партија, туку да се живее во пријателство и во заедница – рече Светиот Отец и напомена, тој факт е неопходен услов. Ако во текот на формацијата во социјалната наука на Црквата не ја откриете во своето срце потребата за припаѓање на заедницата во која можете да го живеете искуството на Бог Кој вас ве љуби, ризикувате самите да се фрлите во предизвиците на моќта, стратегиите и делувањето и да завршите во најдобар случај со добра политичка улога но која е сама, тажна и со која може да се манипулира.

Политичката димензија на христијанскиот живот е градење на општо добро кое се создава со нов поглед на реалноста која ни ја дава Исус Христос – рече папата Фрањо и го цитираше свети Оскар Ромеро: Вистинскиот христијанин мора да даде предност на својата вера и да покаже дека неговата борба е за правда на Царството Божјо, а не за некоја друга правда. Тие зборови – рече Папата, свети Ромеро ги изговорил за верниците лаици да бидат слободни, а не робови, за повторно да ги откријат причини заради кои вредело да се занимаваш со политика, но врз темелот на Евангелието.

Единствено разбирајќи ја политиката во светлината на Евангелието луѓето можат да станат протагонисти на својата историја, а т.н. владејачки класи да престанат да веруваат дека за сè можат да одлучуваат – рече Светиот Отец и истакна, постојат три значајни реалности кои ја покажуваат епохалната промена во Латинска Америка кои би можеле да го зацврстат градењето на проектите за иднината. Тие се жените затоа што надежта во Латинска Америка има женско лице. Младите затоа што во нив живее антиконформизмот и бунт кои се потребни за промовирање на реални, а не само естетски промени. Најсиромашните и отфрлените затоа што во својот однос со нив, Црквата ја искажува верноста како Христова Свршеница.

Барајќи ново присуство на католиците во политичкиот живот не во смисла на претставување на нови лица, туку на нови можности кои би им дале глас на народните движења и кои би ги изразиле нивните вистински борби, папата Фрањо рече дека истата христијанска вера може да води до различни обврски. Врз основа на таа вера треба да живееме во голема слобода и никогаш да не веруваме дека за католиците постои само еден облик на политичко определување. Латинска Америка е создадена со мешање на расите, ќе живее и расте мешовита и таа е нејзината судбина – заврши Папата.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот