Папата се обрати по молитвата Ангел Господов

Светиот Отец по Евхаристијата како обично се обрати на собраните верници и со нив ја измоли молитвата Ангел Господов.

По Евхаристиското славење кое го предводеше на плоштадот Свети Петар, папата Фрањо на присутните им се обрати со следните зборови (целосн текст):

Драги браќа и сестри

Вчера во Германија (Вирцбург) за блажен е прогласен Енгелмар Унцајтиг свештеник од Конгрегацијата мисионери Маријанхил. Убиен е заради омраза кон верата во концентрационен логор во Дахау спротивставувајќи се на омразата со љубов, а на жестокоста со благост. Нека неговиот пример нека ни помогне да бидеме сведоци на милосрдието и надежта, па и во прогонствата.

Приклучувајќи се на епископите од Мексико во поддршката на напорите на Црквата и тамошното граѓанско општество во корист на семејството и животот, во оваа време да бараат посебно пасторално и културно внимание во целиот свет.

Денес е Светски ден на глувите луѓе. Сакам да ги поздравам сите глуви луѓе, исто така присутни овде и да ги охрабрам лично да придонесат за Црквата и општеството се поголема способност за прифаќање на сите.

На крајот посебен поздрав упатувам до сите вас предраги катехисти! Ви благодарам за вашето заземање во Црквата, во служба на евангелизирањето и пренесувањето на верата. Нека Пресвета Богородица ви помогне да успеете на патот на верата и со животот да го сведочите она што со катехезите го навестувате.

 (Папата потоа го измоли „Ангеловиот поздрав“ и на присутните им подели благослов)

РВ/к.мк

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк
Категорија: Ватикан

За авторот