Затоа ве повикувам да не се плашите од „добрината и љубовта“ затоа што тоа се средства кои даваат живот на мирното општество.
Илјадогодишната историја на Вечниот град со својата голема ризница на духовно, историско-уметничко и инстутиционално богатство; дијалог во меѓусебното почитување помеѓу земските и духовните власти; прашањето за прифаќањето и служење посебно на оние кои се на работ на општеството речиси отфрлени и заборавени или кои страдаат заради болест, напуштеност или осаменост. Овие теми беа во центарот на говорот кој папата Фрањо ги одржа по повод посетата на Римската општина.
Градочалничката на Рим Вирџинија Раџи го пречека Папата кој најпрво се сретна со сите претставници на сенатот и градската управа. Истакнувајќи дека долго сакал да дојде на Капитол за лично да им се заблагодари за соработката на властите на градот Рим искажана кон Светиот Престол по повод Вонредниот Јубилеј на милосрдието како и за прославата на другите црковни настани, Папата рече дека Рим во своите речиси 2800 години долга историја знаел да ги прифаќа и интегрира различните народи и луѓе кои доаѓале од разните делови на светот и им припаѓале на различни општествени и економски сталежи и притоа не ги поништувал нивните оправдани разлики, не ги понижувал или погазил нивните особености и идентитет.
Во главниот град на Италија и центарот на католицизмот во меѓусебно почитување и соработка за доброто на сите воспоставена е мудра разлика помеѓу граѓанските и верските власти – рече Светиот Отец и напомена, затоа Рим во одредена смисла ги обврзува на граѓанската и духовната власт постојано да води дијалог, да соработува во меѓусебното почитување и бара да бидат креативни како во секојдневното ткаење на добрите односи, така и во соочувањето со големиот број проблеми кои управувањето со толку големо наследство нужно ги носи со себе.
Папата Фрањо потсети на договорот за обнова на Договорот помеѓу Италија и Светиот Престол чија 35 годишнина се слави ова година и истакна дека градот е чувствителен организам на кој му е потребна понизна и истрајна грижа и креативна храброст за да се одржи уреден и пријатен за живот, за неговата многувековна великолепност да не се намали, туку да се слави и да придонесува за новите генерации.
Меѓутоа уште поважно е Рим да биде на ниво на своите задачи и историја за да знае во денешните променети околности да биде светилник за цивилизацијата и учител на прифаќањето; да не ја загуби мудроста која се покажува во способноста за интегрирање и слушање на секој учесник и секој да се чувствува полноправен учесник во заедничката судбина – рече Папата и продолжи, Црквата во Рим сака да им помогне на Римјаните повторно да го најдат чувството за припадност на оваа посебна заедница и да соработуваат со граѓанските власти за да го сочуваат најблагородното лице на овој град, неговите чувства на христијанска љубов и граѓанска должност.
Гостољубивиот град Рим е повикан да се соочи со епохалниот предизвик во својата историја; да ја искористи својата сила за да прифаќа и интегрира, да ги претвора тензиите и проблемите во прилики за средби и раст – рече Светиот Отец и додаде: Рим оплоден од крвта на мачениците мора да знае од својата култура, која е обликувана од верата во Христа да го извлече богатството на креативноста и љубовта кои се потребни за да се надминат стравовите кои би можеле да ги запрат потфатите и можните патишта. Рим мора да биде град на мостови, а никогаш на ѕидови, посебно кога е во прашање пружењето рака на многу мигранти кои побегнале од војните и бедата, кои сакаат повторно да го изградат својот живот во сигурни и достоинствени услови за живот.
Затоа ве повикувам да не се плашите од „добрината и љубовта“ затоа што тие се средства кои даваат живот на мирното општество, способно да ги умножи силите, да се справи со сериозните проблеми поспокојно, со поголемо достоинство и почитување кон сите и за отворање на нови можности за развој – рече папата Фрањо и сите присутни ги поздрави и на сите повика изобилство на Божјиот благослов, вети дека ќе се моли за нив и себе се препорача во нивните молитви.
Во својот говор пак градочалничката Вирџинија Раџи истакна дека сликата на колонадата на Бернини го претставува звањето на Рим; рацете се секогаш отворени за светот. Рим е отворен град, град на мултулатеризмот и мултикултурализмот. Заблагодарувајќи му се на крајот на Папата за неговите „петоци на милосрдието“ со кои изразува внимание кон перифериите, градочалничката најави основање на институција за стипендии и именување на малата сала за промоција според енцикликата „Лаудато си.“
Ватикан њуз/к.мк