Папата разговараше телефонски со семејството на убиениот новинар Џејмс Фолеј

Во телефонски разговор папата Фрањо го изрази своето сочуство и молитвена близина со семејството на убиениот американски новинар Џејмс Фолеј. Ова го потврди на новинарите о. Федерико Ломбарди, директор на Канцеларијата за печат при Светиот Престол, истакнувајќи дека со семејството на убиениот новинар Папата разговараше на 21 август во вечерните часови.

РВ/го*ко

Категорија: Ватикан

За авторот