Папата ги охрабри младите Ирачани

Папата ги охрабри младите Ирачани

Во саботата на 13 октомври 2018 година папата Фрањо се сретна со момчето од Ирак кое како слушател учествуваше на Епископската синода. Момчето се вика Сафа Ал Абиа, а се врати во својата земја за да биде со болната мајка. Папата на младите во Ирак по повод таа средба им упати порака на охрабрување.

Одете напред не губејќи ја храброста и доверувајќи се секогаш на Господ, се зборовите на охрабрување кои папата Фрањо ги упати до младите во Ирак по повод средбата со Сафа ал Абија момче од Ирак кое на Епископската синода учествуваше како слушател. Момчето изрази желба пред враќањето во својата земја да го поздрави Светиот Отец.

Иднина со доверба во Господ

Папата Фрањо во таа прилика рече дека младите од Ирак ги носи во своето срце, и дека е свесен за страдањето низ кое поминуваат. На младите во Ирак, Светиот Отец им порача да не ја губат храброста заради болното минато и суровата сегашност. Тој ги поттикна исто така на иднината да ѝ пристапат со доверба во Господ. На крајот Папата им ги вети своите молитви и им подели благослов на сите момчиња и девојки во Ирак.

Молитва за сите кои стрдаат заради прогон

Сафа Ал Абија на Синодата за младите одржа говор во кој ги спомна ирачките маченици кои во последните години со смрт ја посведочија својата вера во Христос. Притоа поттикна на молитва за сите оние кои страдаат од прогонство. Во таа прилика исто така рече дека за младите во Ирак најголемите предизвици се мирот, стабилноста и правото на достоинствен живот. На крајот момчето му се обрати на Папата со зборовите: „Се надеваме дека еден ден тоа ќе го видиме во Ирак.“

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот