Папата: Верата во Христа треба конкретно да се прикаже

Папата: Верата во Христа треба конкретно да се прикаже

Папата Фрањо ги довери на Свети Јосиф водачите на Службата за промоција на економската поддршка на Католичката црква во рамките на италијанската бискупска конференција и ги охрабри да запомнат дека верата во Христа секогаш мора да се претвори во конкретност и секојдневен живот.

Верата во Христа мора да го преобрази нашето секојдневие и да влијае на конкретните избори, рече папата Фрањо примајќи ги во Ватикан водачите на споменатата служба во рамките на Италијанската бискупска конференција.

За време на аудиенцијата во четвртокот 16 февруари 2023 година, Папата им се заблагодари за нивната служба и што се собраа оваа недела во Рим, каде што многумина учествуваат на конференција поврзаната со оваа тема.

Вера и конкретност

Папата Фрањо ги потсети присутните дека нашата вера во Исус мора да се претвори во конкретност и мора да стои зад сè што правиме.

Тој потсети дека Апостолската заедница почнува да го преобразува светот, почнувајќи со нов начин на живот, како што е предложен во Евангелието, каде секој учествува со своите таленти и со она што го има, и дека таквата евангелска револуција ја прави видлива Исусовата љубов.

Папата предупреди на рамнодушноста, нарекувајќи ја една од најгрдите болести.

Соодговорност, учество и заедништво

Светиот Отец потсети колку многу се променило низ историјата и дека новата динамика на животот треба да се живее преку два елементи: соодговорност и учество.

Осврнувајќи се на соодговорноста, Папата рече дека во Црквата никој не треба да биде гледач или на маргините, туку секој мора да се чувствува дел од семејството.

Таа семејна врска, предложи Папата, подразбира учество, кое бара вклучување, каде преземаме иницијативи, ризици и напредуваме заедно.

Светиот Отец потоа додаде трет збор, заедништво, потсетувајќи дека учеството го гради и одржува заедништвото.

Своето обраќање папата Фрањо го заврши со благодарност за нивната работа, доверувајќи ги на Свети Јосиф.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот