И оваа година папата Фрањо преку телефон им се обрати на учесниците во поклонението од Мачерата во Лорето кое се одржа во саботата на 13 јуни, но заради пандемијата од Ковид-19 е заменето со молитва во светилиштето Светата куќа.
Ова е прв пат да учествувам во едно виртуелно поклонение – рече папата Фрањо поврзувајќи се по осми пат преку телефон со учесниците на традиционалното поклонение од Мачерата во Лорето. Овогодинешното 42 по ред поклонение е одржано во посебен облик како никогаш до сега, заради пандемијата од болеста Ковид-19.
Папата се обрати до пензионираниот епископ монс. Џанкарло Вечерики, до надбискупот на Лорето монс. Фабио Дал Чино и до сите верници виртуелно присутни на поклонението, момчиња и девојки, мажи и жени, до сите вас – како што рече, кои во овој момент се наоѓате пред светилиштето Пресвета Богородица Лоретска, Мајка на надежта, Мајка која помага да гледаме понатаму; во овие толку тешки моменти потребно ни е да гледаме понатаму со надеж. Со вас сум на тоа виртуелно поклонение и се молам со вас и за вас, а вие молете се за мене. Бидете храбри! Времето кое доаѓа по оваа пандемија нема да биде лесно, но со храброст, вера и надеж, можеме да одиме напред. Барајте ја денес од Пресвета Богородица таа храброст. Јас сум со вас во молитвата – рече Папата.
Физички на поклонението учествуваа дваесетина млади, како претставници на поклониците од целиот свет на кои Папата посебно им се заблагодари. Ви благодарам на вас и на сите кои соработувате на тоа виртуелно поклонение. Нека Господ ве благослови, а Пресвета Богородица нека ве чува. Ве благословувам и ве молам молете се за мене, не заборавајте. Вие сте поклоници на Богородица – рече на крајот папата Фрањо.
Овогодинешното виртуелно поклонение кое традиционално се одржува од 1978 година ова година се одржа само во Лорето, од Богородичниот плоштад до внатрешноста на базиликата на Светата Куќа, со премин преку светата врата.
Ватикан њуз/к.мк