Папата: Потребно е да се шири културата на прифаќање

Папата: Потребно е да се шири културата на прифаќање

Служење и соработка со Сvетиот Престол веќе повеќе од 20 години – тоа е ангажирањето на заедниците од италијанската покраина Трентино, истакна папата Фрањо на 24 март 2018 година во Ватикан, примајќи претставници од неколку општини од таа покраина. Тоа нивно ангажирање сведочи наклонетост и преданост кон Папата од страна на сите житеlи на Трентино.

Сведоци на евангелските вредности

Обраќајки им се на присутните Папата изрази благодарност за нивното ангажирање кое посебно се одликува со прифаќање на поклониците и посетителите на Ватикан. Со својот придонес ги искажувате традиционалните вредности на верата, делотворноста и солидарноста, кои многу се вкоренети во нашата земја. Во ова наше време големи се потребите од луѓе, кои знаат да даваат храбро сведоштво за моралните вредности на кои нѐ поучува Евангелието – истакна Светиот Отец.

Семејството „домашна црква“

Покрај тоа Папата ги повика да продолжат да одат по тој пат, сеејќи евангелско семе на љубов, како семејствата би ги направиле вистински „домашни цркви“, втемелени на Исусовото Слово, на љубов кон Црквата и во служба на животот. На тој начин семејствата ќе станат училиште на човечки вредности и христијани за нови генерации – напомена Папата и ги поттикна присутните да продолжат да го вршат својот наум за ширење на културата на прифаќање и моделот на отворен и братски живот, во согласност со нашето достоинство на Божји деца.

РВ/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот