Папата му испрати на Меси дрес на Атлетика Ватикана

Папата му испрати на Меси дрес на Атлетика Ватикана

Аргентинската фудбалска ѕвезда Лионел Меси доби дрес со автограм на папата Фрањо, стои на Фејсбук страницата на Атлетика Ватикана во понеделник 24 јануари 2022 година.

Напаѓачот на ПСЖ доби дрес со автограм на Папата, кој му го предаде монс. Емануел Гобилијар, помошен епископ од Лион, кој на својот Твитер напиша:

„Денеска на Лионел Меси му го подарив првиот официјален дрес на Ватикан, потпишан од папата Фрањо, со благослов. Човек со вера, Меси ми се довери дека тоа е многу важно за него. Заедно се молевме“, напиша монс. Гобилијар.

Размената на дресови меѓу Папата и аргентинската ѕвезда сега е завршена“, стои во соопштението на Атлетика Ватикана. Да потсетиме, францускиот премиер Жан Катекс во октомври 2021 година му подари на папата Фрањо дрес на ПСЖ со бројот 30 и потпис на Меси.

Папата Фрањо, роден во Аргентина, е голем фудбалски навивач кој уште од детството е навива за Сан Лоренцо од Буенос Аирес, му се заблагодари на Меси и ја поздрави неговата едноставност.

Лео Меси и Хорхе Бергољо, кој во март 2013 година стана Папа, се сретнаа во август истата година во Ватикан.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот