Монсињор Лоран Улрих е новиот париски надбискуп

Монсињор Лоран Улрих е новиот париски надбискуп

Светиот отец Фрањо во вторник 26 април 2022 година го именува актуелниот надбискуп на Лил, Лоран Улрих, за надбискуп на Париз, соопшти Канцеларијата за печат на Светиот Престол.

Монс. Лоран Улрих е роден на 7 септември 1951 година во Дижон. Во родниот град магистрирал филозофија, а во Лион ја посетувал семинаријата Свети Иринеј и дипломирал теологија на Католичкиот универзитет.

За свештеник е ракоположен на 2 декември 1979 година. На 6 јуни 2000 година папата Иван Павле II. го именува за надбискуп на Шамбери и бискуп на Сен-Жан-де-Мориен и Тарентез. Хиртонијата ја прима на 10 септември истата година.

За надбискуп на Лил е именуван на 1 февруари 2008 година, а стана надбискуп митрополит на 29 март истата година, кога Лил беше издигнат во чест на митрополитско седиште.

Во Француската епископска конференција е претседател на Советот за католичко образование.

Париската надбискупја досега ја предводеше монс. Жорж Пол Понтие, кој беше назначен за апостолски администратор од папата Фрањо кога во декември 2021 година го прифати повлекувањето на монс. Мишел Христијан Ален Аупети од пасторалното управување со Париската надбискупија.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот