Дали молитвата на папата Фрањо придонесе за запирање на коронавирусот?

Дали молитвата на папата Фрањо придонесе за запирање на коронавирусот?

Последните неколку месеци Италија презема екстремни мерки за спречување на ширењето на коронавирусот.

Малкумина се оние кои останаа рамнодушни кога на 27 март 2020 година папата Фрањо на празниот плоштад Свети Петар во Ватикан го предводеше молитвеното бдение со благословат Урби ет Орби за престанок на пандемијата со коронавирусот.

Многу впечатливиот говор и молитвата ги погоди многу верници и неверници, а неодамнешните податоци за дневните случаи на зараза покажуваат еден интересен факт.

Имено статистиката покажува дека после тој датум започнува да опаѓа стапката на новозаразени и умрени во Италија. Заради тоа некои си го поставија прашањето дали молитвата на папата Фрањо ја запре пандемијата во Италија? Во секој случај интересно, случајност или реалност – просудите сами.

Лаудато/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот