Сите сме повикани да бидеме свети живеејќи во љубов

Сите сме повикани да бидеме свети живеејќи во љубов

Папата продолжи да споделува со своите следбеници на Твитер кратки поттици од својот нов апостолски поттик „Gaudete et exsultate – Радувајте се и воскликнете.“

Сите сме повикани да бидеме свети живеејќи во љубов и нудејќи му го на секој своето сведоштво во сè што работиме – истакна Светиот Отец во својата твитер порака која ја објави на 14 април 2018 година, продолжувајќи со тоа на своите следбеници на таа социјална мрежа да им дели кратки поттици од својот нов апостолски поттик „Gaudete et exsultate – Радувајте се и воскликнете.“

Во пораката која ја објави на 13 април 2018 година, на својот профил на Твитер вниманието го сврте на тоа како светоста расте. Папата Фрањо напиша: Светоста на која те повикува Господ расте по пат на малите гестови во секојдневниот живот.

РВ/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот