Папата: Повторно пронајдете ги своите корени

Папата: Повторно пронајдете ги своите корени

Наместо психолошки да се повлечат во прогонство, христијаните повторно треба да ги пронајдат своите корени – истакна папата Фрањо на светата Литургија на 5 октомври 2017 година, во домот Света Марта.

Појдовната точка на денешната проповед беше литургиското читање од Книга Неемијa, во која се опишува првото јавно читање на Божјиот закон по враќањето од вавилонското ропство.

Светиот Отец потсети дека израелскиот народ седум децении поминува во прогонство. Псалмите го опишуваат копнежот на луѓето за Ерусалим кој бил далеку и уништен. Помисли овде на „копнежот на мигрантите“, на сите оние кои се далеку од своите домови и кои со задоволството би се вратиле во нив. Неемија во тоа време се осудува и тргнува на тешкиот пат назад. Тоа првенствено било патот за повторното пронаоѓање на корените на народот. Без корените не може да се живее; народ без корени е „болен“ – предупреди Папата.

Човек без корени или оној кој ги заборавил, болен е! – истакна папата Фрањо и продолжи: Потребно е повторно да ги откриеме сопствените корени и со тоа да пронајдеме сила за да одиме напред. Сила за стеблото да донесува плод. Еднаш еден писател напишал: Она што цвета на стеблото доаѓа од она што е невидливо под земјата. Тоа е однос помеѓу корените и добрата кои можеме да ги правиме – рече Папата.

Секако, оној кој трага по своите сопствени корени наоѓа на отпор. Спротивностите доаѓаат од оние кои со задоволство сакаат да живеат во прогонство – рече Светиот Отец. Не во телесно прогонство, туку во психичко: самонаметнато прогонство на заедницата, на општеството. Оние кои сакаат да бидат народ без корени. Да размислуваме за таа болест на самонаметнато психолошко прогонство: предизвикува многу штета. Ги одзема нашите корени, нашата припадност.

Израел тогаш не останува во прогонство, туку храбро се враќа назад – рече Папата. Тоа не значело само повторна обнова на уништеното, туку и – како што сведочи денешното прво читање – слушање на Словото Божјо. Слушајќи го Ездра додека ги чита зборовите на Законот, целиот народ од радост плачел, од радост што повторно ги открил своите корени, што знаат каде припаѓаат – објасни папата Фрањо.

Човекот кој повторно ги открива своите корени, кој е верен на својата припадност, е човек полн со радост. И таа радост е неговата сила – истакна Папата и потоа ги повика присутните да размислуваат за своите сопствени, духовни корени. И притоа, нека не се плашат да плачат: Кој се плаши од плачење, тој повеќе не знае ниту да се смее – заврши Светиот Отец.

РВ/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот