Папата до младите од Тезе: Бидете оази на милосрдието

„Бидете оази на милосрдието, посебно за бројните мигранти кои имаат потреба да бидат прифатени“. Тоа е пораката на папата Фрањо до 30.000 млади собрани во Валенсија, Шпанија, по повод 38. Eвропска средба на екуменската заедница на Тезе, која започнuva на 28 декември, а ќе заврши на 1 јануари 2016.

Во пораката папата Фрањо ја поздравува одлуката на младите да ја продлабочат, за време на својата годишна средба, темата за милосрдието и се заблагодари за нивните напори во таа насока, со сите креативни сили и имагинација својствени на младоста. „Исто и вие сакате милосрдието да се манифестира во сите негови димензии, вклучувајќи ги и социјалните“, посочува Папата, кој ги охрабрува младите да продолжат по овој пат и да имаат храброст за милосрдие, кое „ќе ве одведе не само да го добиете за вас самите, во вашиот личен живот, туку исто така и да бидете близу до оние кои се западнати во тешкотии“.

„Вие знаете дека Црквата е тука присутна за целото човештво и таму каде што има христијани, секој мора да најде оаза на Милосрдие. Тоа е нешто во кое можат вашите заедници да се претворат“.

На крајот Папата потсетува на братот Роже, основач на Заедницата на Тезе: „Тој ги сакаше сиромашните, обесправените, оние кои очигледно не се од значење и успеа да покаже преку својот живот дека молитвата оди заедно со човечката солидарност“.

„Преку вашето искуство од солидарноста и милосрдието треба да успеете да ја живеете таа среќа, многу богата со значење, кон која ве повикува Евангелието“, завршува Папата.

РВ/В.Н.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк
Категорија: Ватикан

За авторот