Засаден парк во чест на свети Иван Павле II

Засаден парк во чест на свети Иван Павле II

Паркот кој се протега на 3 хектари, zа изработката на овој малку „поинаков“ пар било потребно околу 20 000 садници од различни билки, стебла, свеќе и жива ограда.

На југот на Полска во градот Инвалџе е засаден пар кој на посебен начин потсетува на ликот и делото на големиот папа свети Иван Павле II. Паркот кој се протега на 3 хектари, а гледајќи го од воздух може да се види ликот на свети Иван Павле II, базиликата Свети Петар во Рим и базиликата на Прикажувањето на Блажена Дева Марија во Вадовицњ, во која папа Војтла е крстен и со задоволство ја посетувал како поглавар црквата.

За изработката на овој малку „поинаков“ пар било потребно околу 20.000 садници од различни билки, стебла, свеќе и жива ограда. Исто така и околу тони камења, чакал и песок. Патеките за шетање во паркот се долги околу 8 километри. Во текот на шетањето по патеките посетителите ќе можат да разгледат уметнички слики и фотографии кои го прикажуваат светиот отец Иван Павле II, неговиот живот од раната младост до долгогодишниот понтификат на чело на Црквата.

Тоа место е наменето за сите оние кои сакаат подобро да го запознаат животот, но и патот до светоста на светиот Иван Павле II. Овој парк освен што дава спомен на Папата од Полска има свој едукативен, но и културен карактер. Иницијаторите за изработката на овој парк кажуваат дека тој може да биде извор на продлабочување на верата и инспирација за духовен живот, но паркот воедно е и жив музеј на карол Војтила. Пребарајте на интернет, откријте како изгледа паркот.

Лаудато/к.мк

Категорија: Вести, Свет

За авторот