Светиот Отец изрази загриженост заради понатамошната ескалација на тензиите во Светата Земја и на Блискиот Исток, напоменувајќи дека војната раѓа војна, а насилството раѓа насилство.
Папата Фрањо по катехезата која ја одржа на Генералната аудиенција на 16 мај 2018 година изрази длабока загриженост заради состојбата на Блискиот Исток. Многу сум загрижен заради понатамошната ескалација на тензиите во Светата Земја и на Блискиот Исток и заради зголемувањето на насилството кое одалечува од патот на мирот, дијалогот и преговорите – рече Папата изразувајќи голема тага заради мртвите и ранетите и близина до сите оние кои страдаат.
Повотрувам дека користењето на насилството никогаш не доведува до мир – истакна Светиот Отец напоменувајќи дека војната раѓа војна, а насилството раѓа насилство. Ги повика сите вклучени и меѓународната заедница да ја обноват својата посветеност за да преовладее дијалогот, праведноста и мирот.
Папата потоа ја повика Марија Царицата на мирот поттикнувајќи ги верниците на молитва и барајќи од Бог да ни се смилува. А бидејќи утре започнува рамазан, светиот месец на муслиманскиот пост, папата Фрањо ја искористи приликата на следбениците на исламот да им посака тоа привилегирано време на молитва и пост да им помогне во одењето по Божјиот пат кој е пат на мирот.
РВ/к.мк