Светски ден на болните

Ги поздравувам сите болни и луѓето кои трпат. Распнатиот Христос ви е близу; држете се до Него – е пораката која на 11 февруари папата Фрањо ја упати на својот профил @Pontifex, а во која се спомнува на Светскиот ден на болните. Во пладневниот говор во неделата Светиот Отец рече дека достоинството на човекот никогаш не се сведува на нејзините можности и способности.

Тоа во разговор за нашето радио го истакна фра Марко Фабело од монашката заедница која се грижи за болните, Милосрдни браќа на свети Иван од Бог. Во тие зборови на Папата е пораката која треба да ја пренесеме на сите со кои се среќаваме, а тоа е дека болниот е богатство, а не непријатност. Болниот е важна Божја присутност – рече фра Фабело.

Осврнувајќи се на 30 годишнината од апостолското писмо ‘Salvifici Doloris’, документ кој блажен Иван Павле II го посвети на човечкото страдање во поглед на Христовите маки, фра Фабело истакна дека за Научителството тој документ е многу важен, непремостлив. Исто е во континуитет со она што го говори папата Фрањо кога говори за нежноста. Мислам дека во таа смисла тие двајца папи одат „рака под рака“ – рече фра Фабело.

На новинарска забелешка, дека пред една година, всушност на Светскиот ден на болните, Бенедикт XVI најави повлекување од папската служба, толкувајќи, меѓу останатото, и неговата постара возраст му пречеше за да служи на Црквата како што би сакал, фра Фабело истакна дека пред сѐ треба да се цени неговата понизност. А потоа, – продолжи – Божјата провидност која никогаш не доаѓа на незабележителен начин во Црквата создаде потполно поинаква, би кажал, многу конструктивна напнатост.

Освен тоа, – додаде фра Фабело – тој настан ги охрабри сите стари луѓе кои изненадно се нашле без никаква важна улога во општеството или семејството. Тој гест на Бенедикт XVI би можеле да го протолкуваат како некое добро за нив самите: „И ние сме скоро како Папата; веќе немаме многу сила, треба да се ставиме на страна и да го препуштиме своето место на своите деца“. Мислам дека тоа е многу убав пример – рече на крајот фра Фабело.

РВ/Д.И.

 

Категорија: Ватикан

За авторот