Папата Фрањо го посети почесниот папа Бенедикт XVI

Папата Фрањо го посети почесниот папа Бенедикт XVI

Папата Фрањо минатиот четврток, 21 декември 2017 година, го посети својот претходник почесниот папа Бенедикт XVI како лично би му го честитал Божиќ. За време на получасовната средба во резиденцијата на почесниот Папа во манастирот „Mater Ecclesiae“ двајцата си разменија честитки и поминаа кратко време во разговор.

Пред нешто повеќе од месец ден, поточно 18 ноември, актуелниот Папа искажа почит кон почесниот папа Бенедикт XVI по повод доделувањето на Наградата Рацингер. Во таа прилика истакна дека неговата молитва и неговата дискретна и охрабрувачка присутност го придружуваат во заедничкиот од, а неговото дело и неговото научителство и понатаму се живо и скапоцено наследство за Црквата и за нашата служба. Јозеф Рацингер и понатаму е учител и пријател соговорник за сите оние кои го користат дарот на разумот како би одговориле на човечкиот повик во барањето на вистината – рече тогаш меѓу другото папата Фрањо.

РВ/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот